Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЗНА: Сменет командантот на жандармеријата во Ниш, кривични за припадници на единицата

КАЗНА: Сменет командантот на жандармеријата во Ниш, кривични за припадници на единицата
Командантот на нишкиот одред на српската Жандармерија Сенад Коштиќ денеска е разрешен од должност, а против седум припадници на таа единица се поднесени кривични пријави заради претепувањето на братот на српскиот премиер Александар Вучиќ. Жандармите ќе одговараат за прекумерна употреба на сила и бруталност врз Андреј Вучиќ, брат на српскиот премиер, како и врз двајца припадници на премиерското обезбедување. Тие беа претепани од жандармеријата за време на Парадата на гордоста во Белград на 28 септември. Премиерот Александар Вучиќ тогаш најави дека полицајците се извиниле и дека ниту тој ниту неговиот брат нема да поведуваат постапка против нив. Сепак, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нареди итна истрага за да се расветлат околностите до кои дошло до прекумерна употреба на сила. Верзиите во јавноста за овој настан и натаму се спротивставени - дали Андреј Вучиќ одбил да се легитимира или на некој начин ги испровоцирал полицајците. Жандармите кои учествувале во инцидентот биле идентификувани преку видео снимка.
Слично

Поврзани вести