КАЗНА ОД 3.000 ЕВРА ЗА ФАЛСИФИКУВАНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВАКЦИНА: Од утре во Грција стапува одлуката која ги загрижува невакцинираните
Почнувајќи од утре во Грција почнува да важи одлуката за присуство во затворени простории каде влез ќе биде дозволен само за вакцинирани лица. Невакцинираните луѓе нема да може да влезат во затворени простории, а казната за оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка е 300 евра, додека пак за оние кои ќе се обидат да го фалсификуваат сертификатот казната е 3.000 евра.
Дописничката на РТС јавува дека поради влошување на епидемиолошката состојба Грција, властите прават сè за да ги намалат бројките на новозаразени.
-Засега важи препораката дека нема затворање, но од утре невакцинираните нема да можат да влезат во угостителските објекти, кината, театрите и воопшто на затворен простор. Тие простори ќе можат да бидат исполнети до 75 отсто. Постои апликација која ќе покажува дали личноста е вакцинирана или не, а тоа ќе се проверува на влезот“, известува дописничката на РТС.
Од наесен најверојатно задолжителната вакцинација ќе биде за оние кои работат во домовите за стари лица, здравствените работници, но и оние кои работат во угостителски објекти, особено во кујните. Се споменуваат и студентите, но и оние кои работат во образование поради тоа што наскоро таму започнува училишната година.
ФОТО: Freepik