Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЗНА: Металург ќе треба да плати 10.000 евра за неодиграниот натпревар во Загреб!

КАЗНА: Металург ќе треба да плати 10.000 евра за неодиграниот натпревар во Загреб!
Ракометниот клуб Металург е казнет со вкупно 10.616 евра заради неодиграниот натпревар од СЕХА лигата во Загреб на 5-ти ноември, што го пропушти заради штрајкот на ракометарите. Ова е досега највисока казна изречена во СЕХА лигата и само дополнително ќе ја отежне финансиската состојба на клубот. Казната за непатување во Загреб е 2.000 евра, на кои се додаваат уште 8.616 евра кои македонскиот клуб треба да му ги плати на хрватскиот домаќин за да ги покрие трошоците за организација на мечот. Освен ова, натпреварот е регистриран со службен резултат 10-0 во корист на Загре, а Металург загуби и еден бод по казна. Со седум одиграни натпревари Металург е на шестото место на табелата со 11 бода. Управата успеа привремено да ги надмине несогласувањата со ракометарите за клубот да замине во Шпанија, на гостувањето кај Ла Риоха, за да избегне уште една казна овојпат во рамките на Лигата на шампионите.
Слично

Поврзани вести