Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казиното „Фламинго“ доби нов газда

Казиното „Фламинго“ доби нов газда
Австриската компанија „Новоматик груп“ е новиот сопственик на  на хотелот Фламинго кај Гевгелија . Компанијата е позната во светот на индустријата на игри, а менаџментот на на вчерашната прес-конференција  соопшти дека станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра . - Ние овде веќе имаме инвестиции од 40 милиони евра, но нашииот напор и нашата намера е тие да се зголемат за дополнителни седум милиони евра. Ова зголемување на инвестициите не се должи само на финансиите, туку и на зголемување на самиот пазар на индустријата за игри преку зголемен број на слот машини и други видови игри, како и на зголемување на бројот на вработените. Тоа е еден одржлив процес и се надеваме дека ќе го исполниме, вели Франц Волфарт, главен извршен директор на „Новоматик“. Според амбасадорот на Австрија во Република Македонија Томас Михаел Баер, оваа инвестиција е со цел Австрија  да ја донесе Македонија поблиску до ЕУ - Австрија е втора држава по инвестиции во Република Македонија. Сметаме дека оваа инвестиција на Новоматик е извонредна можност за Гевгелија, за Македонија, за самата компанија, но и за целиот регион, рече Баер. Голем интерес предизвика и присуството на Андреас Николаус односно Ники Лауда, поранешниот шампион во Формула 1 трките кој е бренд амбасадор на „Новоматик“. - Никогаш не сум се коцкал освен со животот како возач на Формула 1, рече Лауда. Лауда работи како претседател на Одборот за мотори во Мерцедес, а неговиот ангажамн во Новоматик, се должи на тоа што и двете фирми развиваат врвна технологија во своите области. Од 2008-та година „Новоматик“ е присутна во Македонија и ја сочинуваат четири одделни фирми. Во нејзин состав покрај казиното Фламинго хотел  се и казината Адмирал и Астра, а поседува и повеќе од 30 клубови со слот машини во речиси сите градови во Македонија.  Нејзините вкупни инвстиции во земјава во  моментов изнесуваат 40 милиони евра и вработува илјада лица.  
Слично

Поврзани вести