Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казината во Хрватска со загуба од околу 7 милиони евра

Казината во Хрватска со загуба од околу 7 милиони евра
Казината во Хрватска, со исклучок на тоа во Пореч, лани работеле со загуба од 47 милиони куни (околу седум милиони евра). Најголема загуба, според податоците на даночната управа, имала Хрватска лотарија, со казината во Загреб, Риека и Пула, со 15,8 милиони куни. Поголеми загуби од 8 милиони куни односно со 7,9 милиони куни работеле и коцкарниците во Сплит и Умаг, кои се во приватна сопственост. Претходната година загубите биле повисоки во однос на 2012 година и изнесувале околу 62 милиони куни. Сите казина во Хрватска (13 приватни и три државни) лани оствариле вкупен приход од 306 милиони куни.
Слично

Поврзани вести