Кажете ЗБОГУМ на СИНИТЕ КАРТОНИ!
Од 1-ви ноември за сите вработени во јавни и државни установи, како и во здравствените установи и членови на нивните семејства кои имаат електронска здравствена картичка од Фондот, нема да добиваат сини картони. ЕЗК ќе биде доказ за платено здравствено осигурување. Станува збор за над 1300 вакви, јавни и државни установи, но тие ќе важат за сите осигуреници, и за оние во приватните фирми. Во наредниот период ФЗО предвидува изработка и дистрибуција на квартално ниво по 300.000 - 400.000 ЕЗК.
„Би сакале да упатиме повик до приватните фирми да достават податоци за сите свои вработени и членови на нивните семејства за ЕЗК до подрачните служби на Фондот. Фондот ги повикува сите приватни правни субјекти да земат активно учество во постапката за поднесување на барање за издавање на електронска здравствена картичка", се вели во соопштението од ФЗОМ.
Активирањето на ЕЗК ќе го прави секој осигуреник. Прво ќе ја подиѕгне картичкатам а ќе ја активира при одење кај матичен лекар, во аптека или во здравствена установа, со внесување 5 бројки. Овие бројки, пракитчно ќе бидат пасвод, а секој осигуреник ќе треба да ги запомни. Досега се изработени 133.000 картички, а од осигурениците се подигнати 65.000, станува збор за вработените во УЈП, МЕПСО, МК Шуми, АВРМ, дел од МВР, Министерството за одбрана, како и од училиштата, основни и средни, судовите и вработените од локалната или централна власт. Следни на ред се приватните компании.
Слично
