Казахстан го запира увозот на гориво од Русија
Казахстан забрани увоз на бензин и дизел гориво од Русија за периодот помеѓу 5 март и 20 април 2015 година. Земјата ја презема мерката за заштита на сопствениот пазар од вишок на гориво, соопштуваат од Министерството за енергетика во Казахстан, а пренесува The Times of Central Asia.
Министерството соопшти дека во 2015 година Казахстан планира да внесе 1,1 милиони тони бесцарински бензин и 760 000 тони дизел гориво од Русија. Сепак во јануари и февруари увозот на гориво од Русија ги надмина потребите на казахстанскиот пазар. Само во јануари во Казахстан биле доставени 182 000 тони руски бензин, два пати над планираното.
Властите во Казахстан порано изјавиле дека магацините за гориво во земјата се преполни со руски нафтени деривати кои значително ја намалиле цената поради ослабувањето на руската рубља во споредба со казахстанското тенге.
Министерството за енергетика и националната нафтена и гасна компанија „КазМунаиГаз“ изразија загриженост дека најевтиниот руски бензин може да се доведе до прекин на производството на гориво од казахстанските нафтени рафинерии.
Енергетскиот министер Владимир Школниќ изјавил во февруари дека по 2016 година земјата ќе може да го задоволи пазарот во целост со сопствен бензин и дизел гориво.
Според неговите зборови, по модернизирањето на казахстанските рафинерии ќе се зголеми производството на нафта со 29,4%, од денешните 14,5 милиони тони до 18 милиони тони годишно.
Според министерот производството на најчестиот бензин А-92 ќе се зголеми од сегашните 12% до 21%. А производството на А-95 и А-98 ќе порасне од денешните 0,7% до 10%.
Сега Казахстан има три рафинерии на нафта - во Атирау, Павлодар и Шимкент.
