Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавга за единствениот мандат на ГРОМ

Кавга за единствениот мандат на ГРОМ
Единствениот пратеник на ГРОМ во новиот состав на македонското Собрание Чедомир Саздовски денеска го подигна уверението за избран пратеник во Државната изборна комисија. Но, лидерот на Српската напредна странка Драгиша Милетиќ тврди дека има договор со ГРОМ доколку партијата освои едно место во првата изборна единица, тоа да му припадне нему. „Саздовски си го гази зборот даден пред многу луѓе. Нека се сети што ветуваше пред изборите. Но, ќе видиме како натаму овој случај ќе се развива“, изјави Милетиќ. Инаку, Милетиќ на последните локални избори му го позајми партискиот печат на Стевчо Јакимовски да се кандидира за градоначалник на Карпош. Ова го сигнализираше дефинитивното заминување на Јакимовски од СДСМ и формирањето на ГРОМ како нова партија. Овој потег ја растури и коалицијата на Милетиќ со СДСМ.
Слично

Поврзани вести