Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавадарци се задолжува кај домашна деловна банка за изградба на градскиот пазар

Кавадарци се задолжува кај домашна деловна банка за изградба на градскиот пазар

Владата на последната седница даде дозволаОпштина Кавадарци да се задолжи кај Комерцијална Банка  со долгорочен кредит во износ од 118.000.000 денари, со намена за финансирање на проектот: "Изградба на градски пазар со подземен паркинг".

Променливата каматна стапка ќе се пресметува како збир од референтната каматна стапка и каматна маржа од 0,97 процентни поени на годишно ниво, но не помалку од 2,50 проценти годишно. Рокот на oтплата е 144 месеци со вклучен грејс период од 24 месеци.

Град Скопје за прв пат во историјата минатиот месец се задолжи кај домашна деловна банка. Владата му одобри да побара долгорочен кредит кај Комерцијална банка во износ од 766 милиони денари. 

Општина Центар до сега се има задолжено со околу 7,5 милиони евра кај Комерцијална банка и тоа со 4.826.000 во 2016 и 2.960.800 евра во 2013. Со овој првиот е изградено училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец, а со вториот, иако во спорни околности, се гради катната гаража кај поранешна НИП „Нова Македонија“.

Од 2014 клиент кај Комерцијална банка е и Општина Карпош со долгорочен кредит во износ од 160.000.000 денари, како и Гостивар со 382 илјади евра.



Слично

Поврзани вести