Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавадарци и Неготино вчера „чешлани“ од УЈП и МВР

Кавадарци и Неготино вчера „чешлани“ од УЈП и МВР
Вчера беа извршени контроли во 33 угостителски објекти од кои 16 на подрачјето на Неготино и 17 на подрачјето на Кавадарци при што беа изречени три глоби на физички лица како и една глоба на правно лице по Законот за заштита од пушење, информираат од МВР. Покрај овие беше извршена и акциска контрола на 12/13.11 при што беа контролирани 29 угостителски објекти од кои шест во Охрид, 16 во Берово и седум во Скопје. При тоа во Охрид беа констатирани прекршоци за физичко и правно лице по Законот за заштита од пушење, еден објект е затворен од страна на УЈП и констатиран е прекршок за нарушување на јавниот ред и мир. Во Скопје исто така беа констатирани прекршоци по Законот за заштита од пушење и три објекти беа затворени од страна на УЈП и Пазарна инспекција при што беа поднесени соодветни поднесоци, се вели во соопштението на МВР.
Слично

Поврзани вести