Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавадарчанец ќе умрел на суд кога ја слушнал пресудата за син му

Кавадарчанец ќе умрел на суд кога ја слушнал пресудата за син му

Во судницата во велешкиот суд, денеска за малку се избегна несреќа, кога педесет и три годишниот кавадарчанец се онесвестил на соопштувањето на пресудата, јави порталот Дума.мк.

Кавадарчанецо Раде заедно со неговиот син Драган биле обвинети за кривично дело убиство во обид, а му била изречена казна од 9 години затвор.

Во моментот кога судот ја соопштил пресудата за син му, Раде се онесвестил на подот и го голтнал јазикот. Во судницата настанала паника, но за среќа новинарот Петар Пачков реагирал и успеал да го спаси.

Тој завршил во велешката болница и не слушнал дека судот и нему му изрече казна од 7,5 години.

Од болница велат дека Радо најверојатно добил психички шок и траума од веста за затворската казна на син му и тоа било причина што се онесвестил.

Инаку, таткото и синот се обвинети за кривично дело обид за убиство, кога пред два месеци со моторна пила се обиделе да му го одземат животот на нивни сограѓанин.

Слично

Поврзани вести