Каузата на Ердоган: Обновување на Отоманската империја!
Обидот за државен удар успеа и негов автор е Ердоган, тврди европратеникот од ВМРО, Ангел Џамбазки.
Крајната цел на Реџеп Таип Ердоган е обновување на Отоманската империја. Прво во нејзините економски граници, а потоа - во политичките, вели Џамбазки и додава дека Ердоган не треба да се потцени.
„Овој човек има идеја, има кауза, која ја следи многу упорно. Обидот за државен удар успеа, овој обид трае веќе повеќе од 15 години, од 1997 година наваму, откако актуелниот претседател на Турција систематски и доследно ги отстрани кемалистичките институции во оваа република и се обиде да ги замени со свој единствен режим" - вели тој.
Тој потсети дека во 1997 година Ердоган бил во затвор за исламска наклонетост. Додава дека Ердоган сега е посилен и ден по обидот за државен удар се виде начинот на кој постапува и неговиот агресивен тон.
