Kaufland нема да го продава кафето на Jacobs, затоа што многу поскапело
Германскиот ланец на хипермаркети Kaufland во Хрватска јавно го прозва снабдувачот на брендирано кафе Jacobs дека најавува големо поскапување на производите и дека поради тоа тие нема да се најдат на нивните полици.
Ланецот на хипермаркети им се извини на купувачите на социјалните мрежи што во иднина на нивните полици нема да ги најдат производите на оваа марка.
„Почитувани клиенти, можно е да не најдете некои производи од брендот Jacobs на нашите полици. Ова се случи затоа што не успеавме да постигнеме договор со добавувачот за комерцијалните услови за соработка, односно не прифативме значително зголемување во набавните цени.
Сакаме да го одржиме ветувањето кон нашите клиенти дека секогаш нудиме голем избор и најдобри цени за производи со висок квалитет. Ви нудиме голем избор на алтернативни брендови и наши сопствени брендови. Ако имате какви било прашања, ве молиме контактирајте ги нашите вработени. Вашиот Кауфланд“, се вели во известувањето.
