Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кацин: Србија ќе стане мотор на напредокот на Западен Балкан

Кацин: Србија ќе стане мотор на напредокот на Западен Балкан
Србија, како најголема земја на Западен Балкан, може да биде лидер во регионот, оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин, истакнувајќи дека е дојдено време Белград да стане „мотор на напредокот на Западен Балкан“. Тој нагласи дека Белград предолго бил сопирачка, оценувајќи дека „Србија, Црна Гора и Косово географски, економски и историски се упатени едни кон други“. „Народите на овие земји со векови живеат заедно и освен што имаат заеднички граници, сообраќајна и енергетска инфраструктура, имаат и заедничко минато“, истакна Кацин, додавајќи дека затоа мораат да се посветат на изградба на подобра иднина во рамки на ЕУ, што значи дека мораат меѓусебно да разговараат и соработуваат.  
Слично

Поврзани вести