Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кацигата за велосипедистите не е задолжителна

Кацигата за велосипедистите не е задолжителна

Новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата не предвидува санции за велосипедистите кои не носат заштиен шлем, односно кацига.

Со законот само се препорачува сите велосипедисти да носат кацига и рефлектирачки елек на вечер, но за непочитување на овие правила не се предвидени санкции.

Станува збор за терминолошка нејаснотија со која се доведе јавноста до забуна за овој закон. Поточно, во Членот 99 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата пишуваше дека носењето на кацига е ,,задолжително".

На ова, реагираше неформалната група велосипедисти НаТочак и испрати неколку коментари и предлози по електронска пошта до одговорното лице од МВР.

Предлогот за отстранување на задолжителноста на кацигата од Законот е делумно прифатен, т.е. задолжителноста останува, само нема да има парична глоба доколку не се почитува.

Слично

Поврзани вести