Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катругалос: Северна Македонија од 15 мај ја промени туристичката кампања

Катругалос: Северна Македонија од 15 мај ја промени туристичката кампања

Министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос истакна дека Северна Македонија од 15 мај го променила името во туристичките кампањи, одговарајќи и на опозициската Нова Демократија, која пак тврди дека се уште постои промотивниот наратив „Macedonia timeless“

„Нова демократија уште еднаш одбра да биде опашка на жолтиот печат што ја поддржува нејзината политика. Од очигледни причини за ситнополитичка употреба, одбира да го игнорира фактот дека целиот свет, соседната земја ја нарекува Северна Македонија, дека промени стотици имиња на институции и објекти за да одговараат на новото име и продолжува со тоа, и дека веќе од 15-ти мај е соопштено дека ќе ја промени туристичката кампања за да се усогласи со новото име“, соопштуваат од кабинетот на Катругалос.

Претхопдно, од опозициската Нова Демократија, која најверојатно како што стојат работите уште ова лето ќе се врати на власт во грција, упати остри критики до грчката влада дека се уште Македонија го користи тој рекламен слоган во странство.

„Провокативната и дрска употреба на терминот Македонија од официјален сајт на Скопје и тоа за туристичка промоција на соседната земја, на најлош начин ги оправдува предвидувањата на Нова демократија. Дека по неприфатливото отстапување на владата на Ципрас, на соседите, безусловно, да им ги отстапи наводните „македонски идентитет и јазик”, терминот „северна” едноставно ќе избледи и ќе се заборави. Владата мора веднаш да реагира“, реагираа од НД.



Слично

Поврзани вести