Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катругалос: Сакаме комплетно решение за да не се создаде проблем во следната деценија

Катругалос: Сакаме комплетно решение за да не се создаде проблем во следната деценија

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчката телевизија Скај, ги повтори позициите на официјална Атина и рече дека прозорецот на можност е отворен, но топката е на страната на соседната земја, ако излезе во пресрет ќе има договор. 

„Сакаме комплетно решение за да не се создаде одново проблем во следната деценија и сакаме решение што ќе има карактеристика на трајност и затоа е потребна промена на Уставот. Доколку другата страна се одзве на ова, ќе имаме договор, ако не, нема да имаме. Топката,  јасно дека е на нејзина страна“- вели Катругалос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој коментира дека не станува збор за лесни преговори, тоа е нешто што го знаеле уште од почеток, а изрази надеж дека на крај ќе се постигне договор.

„Постои напредок, не постои слика дека стигнуваме до ѕид и дека за она што го предлагаме не се разговара“ - рече тој. 

Додава дека постојат разговори, во доста точки остануваат на почетните позиции, во други точки се поместуваат.

Слично

Поврзани вести