Катица од Заев ќе ги побара материјалите од „бомбите“
Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска од опозицискиот лидер Зоран Заев ќе ги побара материјалите од незаконски следените комуникации за кои самиот Заев истакна дека ако му бидат побарани ќе ги достави.
Имено, од Специјалното Јавно обвинителство се прогласија надлежни за 34 предмети, меѓу кои е и Пуч, додека за предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“ ќе се произнесат дополнително.
Исто така оттаму информираат дека во рамки на законски предвидениот рок доставен е и предметот од Основното јавно обвинителство Куманово, а воедно донесени се одлуки за надлежност за сите предмети кои беа доставени до ова Јавно обвинителство од Основните јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
