Катица Јанева: Судот ќе го има последниот збор
„Одлуките ги носи Судот. Јас само во име на РМ ќе поднесувам обвинителни акти до судовите. Ќе внимавам на надлежностите, а Судот во секоја правна држава го има последниот збор“, вели Катица Јанева за академик.мк.
Таа вели дека секој случај пооделно законски ќе се покрие.
Во согласност со Законот, специјалниот обвинител ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите извршени во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 јули 2015. Специјалното обвинителство може да преземе контрола врз предметите кои спаѓаат во негова стварна надлежност во која било фаза од постапката. По писмено барање, јавните обвинителства се обврзани, во рок од 8 дена да и го предадат кој било предмет на Јанева, а таа во рок 8 дена да одлучи дали случајот спаѓа во нејзина надлежност.
Слично
