Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТИЦА ЈАНЕВА: Средно имотна, судството семејна традиција!

КАТИЦА ЈАНЕВА: Средно имотна, судството семејна традиција!
Катица Јанева, новиот специјхален јавен обвинител, која ќе биде задолжена за истражување на случаите „Пуч” и „Прислушување“, во моментов е јавен обвинител во Гевгелија. Потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. Учествувала на тренинзи и обуки и во академијата и на меѓународни семинари. Таа се смета за професионален и искусен обвинител. Според информациите на Телма, важи за обвинител со став и самостојно носење одлуки. Во нејзиниот имотен лист објавен на страната на Државната комисија за спречување корупција  се наведува дека поседува моторно возило Рено 5 Кампус, трансакциона сметка во Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска Банка. Додека на име на нејзиниот починат сопруг  се водат плац во село Конско во вредност од 1000 евра, земјоделско земјиште од 1930 м2 во вредност од 20 000 евра и моторно возило Ровер 45 во вредност од 20 000 евра.
Слично

Поврзани вести