Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТИЦА ЈАНЕВА СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА: Почнува истрага за изборните манипулации

КАТИЦА ЈАНЕВА СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА: Почнува истрага за изборните манипулации

Специјалното јавно обвинителство започнува со работа, а прв предмет за кои ќе отвори истражна постапка се предметите поврзани со изборни манипулации.

Со овој предмет специјалната обвинителка Катица Јанева ќе започне со работа, а во наредниот период ќе прибира и докази со цел да се докажат наводите кои произлегуваат од прислушкуваните разговори.

Портпаролката на Јанева, Ленче Ристовска изјави дека не се знае точниот број на предмети за кои се работи, меѓутоа вели дека постојат повеќе предмети кои ги тангираат изборните манипулации.

Во однос на останатите 36 предмети коишто денеска ги прими специјалното обвинителство, Ристовска вели дека во законскиот рок од 8 дена ќе се знае и обвинителството ќе постапува по предметот „Пуч“, во кој како обвинет се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Инаку, за најавите од лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски дека ќе бидат доставени материјали поврзани со случајот „Ровер“, обвинителката Ристевска информираше дека тие се уште не се стасани.

Слично

Поврзани вести