Катица Јанева обвинета за незаконско бркање обвинители од нејзиниот тим
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски ја обвини специјалната обвинителка дека незаконски, неетички и непрофесионално, без никаква претходна најава, ги избркала од работа двете специјални јавни обвинителки од нејзиниот тим.
„По обемната дискусија, разгледувајќи ги изјавите дојдовме до заклучок дека Јанева во конкретниот случај го прекршила Законот за работни односи и обвинителство така што без да спроведе постапка и без да се донесе решение ги отстранила од работните места на еден брутален начин. Биле исфрлени од нивната канцеларија, а за тоа на помош го повикала некој од судските полицајци кој интервенирал при иселувањето на двете обвинителки. Советот заклучи дека во писменото обраќање на Јанева дека тие сами побарале да заминат тоа не е точно, категорични се двете обвинителки "-рече Аневски.
Аневски најави дека Советот на идната седница ќе одлучува за нивниот работен статус, односно дали ќе биде намелен бројот на обвинители на 10 или тие ќе останат во СЈО.
Инаку, Катица Јанева отвора предмет за судии , актуелни членови на судскиот совет , судии од Врховниот суд како и судии чиј глас се слуша на бомбите кои ги презентираше опозицијата.
Истовремено додека Јанева испитува осомничени во нејзината канцеларија, Советот на јавни обвинители утре ќе расправа по жалба на судија кој тврди дека бил малтретиран од тимот на Јанева.
