Катица Јанева го истражува убиството кај Смилковско Езеро
Случајот со петкратното убиство кај Смилсковско Езеро се најде пред специјалното јавно обвинителство, дознава „Сведок“ од извори во обвинителството.
Обвинителството наводно започнало предистражна постапка за случајот „Монструм”, повикувајќи ги адвокатите и семејствата на обвиннетите.
Обвинителот Трајче Пеливанов, кој работи на овој предмет, имал средби со роднини на обвинетите и со адвокатите на кои средби ги исслушал нивните тврдења „дека обвинетите во случајот Монструм не се тие кои го извршија убиството во близина на Смиљковското езеро“.
А, додека се очекува официјална одлука дали Специјалното обвинителство ќе се вклучи во „Монструм“ и во која фаза, адвокатите ја добија пресудата на скопскиот апелационен суд со кој беше потврдена првостепената пресуда, доживотен затвор за обвинетите и поднеле жалба до Врховниот суд.
Претходно оваа одлука, со која се потвди доживотен затвор за шестмина од седумте обвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, со незадоволство ја примија семејствата на убиените момчиња и побараа од Катица Јанева да го преземе случајот.
Родителите сметаат дека случајот за монструозното убиство се уште е неразјаснат и дека за ваквата пресуда нема доволно докази. Тие се сомневаат дека високи функционери се вмешани во убиството на нивните деца.
Семејствата се жалат и на игнорантскиот однос на Специјалното јавно обвинителство. Тие уште пред еден месец побарале прием кај претседателката на Специјалното обвинителство Катица Јанева, но се уште не добиле одговор.
Слично
