КАТИЦА ГО ПОВИКА: Ахмети в четврток на разговор во СЈО
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во четврток е повикан да се јави во Специјалното јавно обвинителство.
Имено, како што пренесуваат дел од медиумните, Ахмети е повикан во својоство на сведок, а од СЈО ја потврдиле информацијата образложувајќи дека заради тајноста на предистражната постапка не можат да откријат за кој случај Ахмети е повикан.
Меѓутоа, Нова ТВ повикувајќи се на свои извори пишува дека Ахмети е повикан за случајот „Космос“, во кој за случајот биле повикани да сведочат и други лица.
„Космос“ урнатиот објект на бизнисменот Фијат Цаноски двапати беше споменат во „бомбите“ кои ги обелодени опозицијата.
Слично
