Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица го бара случајот на Зоран Божиновски

Катица го бара случајот на Зоран Божиновски

Специјалната обвинителка Катица Јанева до Основното  јавно обвинителство доставила барање со кое бара преземање на предметот за новинарот Зоран Божиновски.

Се работи за случајот  „Шпион“ за кој СЈО веќе има  воспоставено надлежност.

Основното обвинителство го гони Божиновски за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Од ОЈО обелоденувајќи го обвинителниот акт во јули соопштија дека по сеопфатното разгледување и анализа на прибраните докази, денеска од Основниот суд Скопје 1 Скопје поднело предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела и тоа: Злосторничко здружување од чл.394 ст.2, Шпионажа од чл.316 ст.3 в.в. со чл.45 и Уцена од чл.259 ст.2 в.в. ст.1 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

„За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година“, велат од Обвинителството.

„За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година“, велат од Обвинителството.

Во април годинава новинарот Божиновски кој е познат по бројните критики кон власта беше екстрадиран во земјава.

Министерот за правда на Србија, Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски веднаш откако судот решил дека се исполнети сите претпоставки за негово испорачување. Зоран Божиновски е уапсен вчера наутро во Нови Сад, по потерница од македонските власти за случајот Шпион. Ова е второ апсење на Божиновски во Србија.

Првиот пат, во ноември 2013 година, беше уапсен во Нови Сад по потерница од Интерпол, и помина повеќе од една година во екстрадициски притвор. Тој пред три години беше пуштен на слобода и досега ја чекаше одлуката за азил од српските власти, кој не успеа да го добие.

Слично

Поврзани вести