Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катимерини: Заев и Ципрас ќе договорат „Северна Македонија“

Катимерини: Заев и Ципрас ќе договорат „Северна Македонија“




Електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“, утрово излезе со наслов „На маса предлогот Северна Македонија“ кој се очекува да биде договорен помеѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во телефонски разговор.

Во текстот се наведува дека иако меѓу предлозите на медијаторот Нимиц има уште две други сложени имиња, кое се дел од првичниот пакет со пет предлози, Република Северна Македонија се издвојува како најсериозен предлог.

Во текстот се потенцира изјавата на премиерот Заев дека евентуалното ново име, пред да оди на референдум, ќе биде ставено на гласање во Парламентот.

Катимерини очекува телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери да се случи „многу скоро“, по што би следувала срадба меѓу двајцата, која ќе се организира пред саммитот на ЕУ закажан за 28 јуни.


Слично

Поврзани вести