Катимерини: Скопје се обидува да ја вовлече Грција во скандал со шпионажа
Скопје се обидува да ја вовлече Грција во скандал со шпионажа, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Последните случувања во политичкиот живот во Скопје заедно во комбинација со несреќни настани го зголемуваат антигрчкото чувство во јавноста, се додава во текстот во кој се коментира аферата „Шпион“.
Официјалните изјави велат дека странски служби, особено во една соседна земја, плаќале за доверливите информации, иако земјата не е прецизно одредена, во медиумите протече вест дека ова се однесува на Грција.
Според неофицијални информации, еден од уапсените периодично одел на Халкидики со луѓе од грчката тајна служба, на кои им дал информации и им наплатил за тоа“, пишува грчкиот весник.
„Катимерини“ за овие информации побарал коментар и од грчките власти, од каде што демантираат вмешаност во скандалот и сметаат дека целата афера е исценирана.
Слично
