„Катимерини“ посвети најмногу внимание на победата на Пендаровски
Со слоганот "Јас ќе бидам претседател на сите граѓани" Стево Пендаровски ќе продолжи да го промовира евроатлантскиот курс на земјата, гласи првичниот коментар на грчки „Катимерини“ по победата на кандидатот на СДСМ и владините коалициони партнери на претседателските избори.
„И покрај загриженоста дека учеството на вчерашните избори нема да надмине 40 отсто, и покрај заморот на гласачите од последователните избори од 2016 година и од поларизацијата на политичката сцена во земјата, процентот на оние кои излегоа беше над 46 отсто, со што изборниот процес е важечки и победи Педеравски со 51,83% (98% од гласовите) против 44,57% од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска“, пишува “Катимерини“.
Весникот го опишува како силен поддржувач на Преспанскиот договор, кој ја убедувал грчлката јавност дека спогодбата е осигурена без разлика кој во иднина ќе биде на власт во земјата. Европските и евро-атлантските перспективи се високо на неговата агенда, смета весникот.
"Со Преспанскиот договор, северна Македонија и Грција се вистински пријатели ... Заедно ќе градиме европска иднина за нашите земји и за нашите граѓани", рече победникот на вториот круг од претседателските избори во северна Македонија, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува „Катимерини“
