„Катимерини“: Нови 6,7 милијарди евра ќе и требаат на Грција како дополнителна помош
Грција ќе има потреба од дополнителна помош во вредност од 6,7 милијарди евра од 2014 до 2016 година, за да се справи со фискалните цели, предупреди во среда Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува весникот „Катимерини".
Сумата е за 2,6 милијарди евра повеќе од предвиденото во договорот меѓу Атина и меѓународните кредитори, односно дополнителните напори на земјата за периодот 2015-2016 година.
Слично
