Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катимерини: „Цензура“ во Грција за Договорот од Преспа

Катимерини: „Цензура“ во Грција за Договорот од Преспа

Од датумот на ратификација на Спогодбата од Преспа во официјално Скопје ќе зависи кога ќе започне кампањата за предвремени парламентарни избори во Грција, пишува Катимерини, анализирајќи дека тоа треба да се случи некаде во мај.

Ако македонскиот премиер Зоран Заев успее оваа неделада обезбеди мнозинство за уставни, тогаш договорот за одобрување ќе стигне до грчките пратеници во почетокот на пролетта 2019 година.

Ова сценарио ќе биде на врвот на агендата пред изборите во опасност да се распадне кревката коалиција на левичарската СИРИЗА и Независни Грци, националистичката партија која најавуива дека нема да го поддржи договорот.

Засега е познато дека има неформален договор помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и коалициониот партнер од Независни Грци, „непредвидливиот “ Панос Каменос, да се намалат тензиите и заканите дека владата ќе се распадне.

Исто така, Ципрас ги повикал наистакнатите претставници на неговата СИРИЗА да се воздржат од коментари во јавноста, кои би можеле да долеат масло на огнот.и да ги раздразнат „Независни грци“.

„Во зависност од случувањата во Скопје, договорот најверојатно нема да биде комплетиран од грчката страна во март, туку во мај, доколку истиот го мине „филтерот“ во ПЈРМ“, анализира Катимерини.

Со оглед на оваа несигурна ситуација, ќе биде мошне тешко да се задржи „цензурата“ за преспанскиот допговор до мај, пишува Катимерини.

Слично

Поврзани вести