Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАСТРОФА ВО НАЈАВА: Што им готви ЕУ на САД ?

КАТАСТРОФА ВО НАЈАВА: Што им готви ЕУ на САД ?

Европската унија подготува список на американски производи на кои би можела да воведе царини доколку САД примени нови казнени такси за автомобили од ЕУ.

Тоа го истакнала европската комесарка за трговија Сесилија Малстром.

„Подготвуваме заедно со земјите членки список на контра мерки и тоа јасно им го пренесовме на нашите американски партнери“, рекла Малмстром и наведува дека списокот е уште во подготовка, но се составува на ист начин како што било за челик и алуминиум.

Таа додала дека можното американско воведување на такса на возилата од ЕУ би претставувало „катастрофа“.

Европската унија кон крајот на јуни воведе царини на американски производи како одговор на одлуката на Вашингтон да се наметната царини на увозот на алуминиум и челник од Европа од 10 односно 25 отсто.

Дополнителни царини се воведени, помеѓу останатото, на типично американски производи како што се мотоцикли, путер од кикирики, бурбон, џинс облека, како и на различни земјоделски производи.

После тоа претседателот на САД, Доналд Трамп се заканил дека ќе воведе царини до 20 отсто на увоз на возила од ЕУ.

Малстром ќе оди заедно со претседатело на ЕК Жан Клод Јункер на 25 јули ви Вашингтон со цел да најдат решение за комерцијалните тензии со САД и да остварат напредок на „взаемно позитивна трговска агенда“. Предвидено е Јункер во Вашингтон да се сретне со Трамп.

Слично

Поврзани вести