Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катастрофа на која не се гледа крајот: Речиси 600 лица се водат за исчезнати во поплавите во Србија!

Катастрофа на која не се гледа крајот: Речиси 600 лица се водат за исчезнати во поплавите во Србија!
Вкупно 798 лица се пријавени за исчезнати од областите зафатени со поплави во Србија. Од нив пронајдени се само 215, соопшти Оперативниот центар на српското Министерство за внатрешни работи. Ова значи дека 583 лица и натаму се водат за исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија земјата. Сепак, од српската полиција истакнуваат дека бројот не е до крај прецизен, бидејќи има случаи во кои повеќе граѓани пријавувале дека е исчезнато едно исто лице. „Освен ова, проблем е и тоа што одредени лица во меѓувреме се пронајдени, но за тоа не ја известиле полицијата. За да не дојде до забуни, апелираме до сите граѓани кои пријавиле исчезнување на некое лице, да пријават доколку во меѓувреме го пронашле“, соопшти српското МВР.    
Слично

Поврзани вести