Катастарот викендов ќе издава имотни листови до 19 часот
Граѓаните кои сакаат да го запазат последниот рок за поднесување на барање за приватизација на дворното место ќе имаат можност во текот на наредните два дена од викендот на шалтерите во сите одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности како и во Центарот за катастар на недвижност - Скопје да си обезбедат имотен лист, соопштуваат од Агенцијата
Шалтерите на Катастарот ќе работат за време на викендот во периодот од осум часот и 30 минути до 19 часот.
Имотниот лист е неопходен за поднесување барање за приватизација на дворните површини, а крајниот рокот кој треба да се запази за приватизација на дворните места истекува на 15 декември.
Слично
