Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катарски министер даде песимистичка прогноза за цените на нафтата и кажа кој најмногу ќе страда

Катарски министер даде песимистичка прогноза за цените на нафтата и кажа кој најмногу ќе страда

Од Катар велат дека за неколку недели нафтата ќе чини 150 долари, а Европа најмногу ќе страда. 

Доколку војната на Блискиот Исток продолжи, многу светски економии би можеле да пропаднат, а сите извозници на енергија во регионот погоден од војна би можеле да бидат принудени целосно да го запрат производството во следните неколку недели, што би можело да ја зголеми цената на барел нафта на вртоглави 150 долари во истиот период.

Овие прогнози утрово ги изнесе катарскиот министер за енергетика, Саад ал-Каби за Фајненшел Тајмс, кој не е премногу оптимист дури и ако војната заврши брзо: во таков сценарио, тој очекува дека на неговата земја ќе ѝ требаат „недели, ако не и месеци“ за да се врати во нормалниот ритам на испораки откако иранските дронови го погодија најголемиот погон за производство на течен гас во земјата.

Катар е втор најголем производител на течен природен гас во светот, а по иранскиот напад врз постројките во Рас Лафан, беше принуден да се повика на „виша сила“ како причина за прекин на испораките.

Коментарите на катарскиот министер ја одразуваат растечката загриженост во Заливот поради економските последици од американско-израелската војна против Иран, која веќе предизвика хаос во регионот богат со нафта.

Тој предвидува дека цената на гасот би можела да се зголеми на 117 долари за мегават час, што е речиси четири пати повисоко од цената пред војната.

Вели дека последиците нема да се почувствуваат само на енергетскиот пазар, бидејќи и сериозни количини минерални ѓубрива се транспортираат преку Ормускиот теснец.

Израел и САД во саботата почнаа со напади на Иран. 

Слично

Поврзани вести