Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катар заинтересиран за соработка со бугарските градежници

Катар заинтересиран за соработка со бугарските градежници
Катар дава целосна поддршка и има желба да инвестирааво Бугарија преку заеднички проекти, изјави бугарската министерка за регионален развој и јавни работи Лилјана Павлова, веднаш по посетата на Емиратите. „Ова е земја која планира да инвестира над триста милијарди долари во огромни проекти во инфраструктурата и Бугарија треба да го најде своето место. Благодарение на сите разговори и средби кои ги имавме сметам дека тоа е  реалност “, изјави министерката за бугарските медиуми. За време на посетата било договорено бугарските бизнисмени да добијат целосен пристап до информации за сите проекти кои ќе се градат во Катар и обратно, а Павлова била запознаена и со концептот за целосен развој на Доха, која во 2022 година ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал. Катар пред Бугарите ги претставил и проектите за патната, водената и пречистителната инфраструктура, кои што треба да бидат изградени во блиска иднина, а била претставена и постапката за селекција на меѓународните партнери. Катарските бизнисмени биле заинтересирани за искуството на Бугарија во изградбата и работата на бањите и спа центрите, а било предложено и заемно отварање на канцеларии за идна економска соработка во двете држави. Шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани ја потврдил заинтересираноста за учество во изградбата на патниот правец Скопје-Свиленград.  
Слично

Поврзани вести