Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катар се одлучи – ќе инвестира милијарда евра во Грција

Катар се одлучи – ќе инвестира милијарда евра во Грција
 Една милијарда евра во заеднички фонд со Атина ќе инвестира Катар како поттик на земјата која веќе шест години се соочува со рецесија.
Катарскиот премиер Шеик Хамад бин Јасим ал-Тани го открил инвестициониот план за Грција, по вчерашниот разговор со грчкиот колега Антонис Самарас.
Премиерот навел дека влогот на Катар во заедничкиот фонд ќе биде приближно еднаков на влогот на Грција.
-Сакаме договор за вложување сличен на оној кој беше постигнат со Италија пред неколку месеци, кога беше договорено основање на фонд со удел во капиталот од 50:50 од вкупната вредност од две милијарди евра“, рекол тој.
Грчкиот фонд, како дел од договорот за соработка, ќе инвестира средства во мали и средни претпријатија во Грција.
Оваа земја веќе подолго време се обидува да привлече катарски инвестиции за развој на секторот на недвижнините, за да ја поттикне градежната индустрија, инаку една од главните движечки сили на економијата.
Катар со Италија договорил вложување во неколку сектори, вклучувајќи ја модата, храната, туризмот и дизајнот.
Слично

Поврзани вести