Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАР БАРА ПОМОШ: Кој може да изврши притисок врз земјите кои ја блокираат?

КАТАР БАРА ПОМОШ: Кој може да изврши притисок врз земјите кои ја блокираат?

Катар ја повика Белата куќа да го покаже своето значително влијание врз земјите кои воведоа блокада кон неа. 

Ќе се наврши месец откако започна кризата во Персискиот залив, пишува американскиот весник The Hill. 

Доха инсистира САД да ја притиснат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин да стават крај на изолацијата, која започна на 5 јуни, кога овие земји ги прекинаа дипломатските односи и ги затворија сите копнени, воздушни и поморски граници со Катар.

„САД имаат големо влијание во Саудиска Арабија. Владата во Ријад потпиша многу договори со американските власти. Според мене цивилизиран начин треба да биде поставување на услов за спроведување на овие договори и трансакции“- велат од катарското Министерство за одбрана.

Како неразумни и неостварливи, се оценети  барања кои четирите арапски земји ги упатија до властите во Доха. Тие нема да ги исполнат барањата.

На листата со барања е и затворање на телевизијата Ал Џезеира за која се наведува дека е одговорна за поттикнување на сите нереди во регионот како и дека го поддржува Муслиманско братство. Се бара и ограничување на дипломатските односи со Иран, затворање на турската воена база во земјата и други барања. 

Слично

Поврзани вести