Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАКЛИЗМИЧНИ ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Загина човек во Солун, силниот порој го однел неговиот автомобил

КАТАКЛИЗМИЧНИ ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Загина човек во Солун, силниот порој го однел неговиот автомобил

Силно невреме ја пустоши Грција. Медиумите пишуваат дека поплавите се катализмични во некои делови од земјата. Еден човек загина во Солун кога поројните дождови го однеле неговиот автомобил.

Според грчката противпожарна служба, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел на Солун, додека потрагата по неговото возило се уште трае, пренесува Танјуг.

И главниот град на Грција, Атина беше зафатен од силното невреме, каде е предизвикана огромна штета. Жителите во повеќе населби во Атина останаа без струја, а штета е нанесена и во приградските населени места каде што реките се излеале од коритата. 




Слично

Поврзани вести