КАСАТА НА ГРЦИТЕ ПОЛНА ДО ВРВ:59 милиони евра за шест месеци само од македонски туристи
Дека Македонците се во листата пет нации кои се најредовни туристи на плажите во соседна Грција покажуваат и официјалните статистички податоци на нашиот јужен сосед.
Македонија се најде на четврто место зад Германците, Британците и Бугарите .
Токму од македонските туристи од јануари до јуни Грција ја наполни касата со близу 60 милиони евра.
Во бројки тоа значи дека 574 600 туристи ноќевале 1 312 000 пати во туристичките места на оваа земја и и оставиле приходи од 59 милиони евра.
За разлика од лани истиот период се забележува пад на туристи и приходи од Македонија.
Меѓутоа имајќи го предвид фактот дека податоците не го пресметуваат шпицот на сезоната или месеците јули и август па и септември извесно е дека бројките на македонски туристи кои одморале во Грција ќе надмине еден милион.
Вкупниот број на туристи без разлика на земјата од која доаѓаат изнесува 8 508 400 кои оставиле малку помалку од 4 милијарди евра.
Туризмот во Грција слободно може да кажеме дека цвета,а најисплатливи туристи за оваа земја дефинитивно се Британците.
