КАРТОНСКИТЕ КУТИИ МУ ГО СПАСИЈА ЖИВОТОТ: Дете од Нови Пазар падна од петти кат
Несреќа се случи синоќа во станбената зграда „Хари Трејд“ во Нови Пазар, Србија, кога седумгодишно дете падна од петтиот кат. Детето преживеа, а минувачите го нашле свесен, со гребаници.
Брзата помош брзо го префрлила детето во болница, каде што е констатирано дека е во стабилна состојба. Сега е во болница во Белград каде се испитува какви внатрешни повреди има после тешкиот пад.
Според тамошните медиуми, момчето во моментот на несреќата било само во станот. Сè уште не е познато како се случил падот, но неофицијално се известува дека детето отворило прозорец и ја изгубило рамнотежата. Падот на момчето бил ублажен од трева и наредени картонски кутии.
Во моментот на падот, неколку жени кои се нашле во близина и истрчале да помогнат. Момчето било свесно и комуникативно. Сведоци рекле дека слушнале тресок и вресоци непосредно пред да пристигне помошта.
фото принтскрин