Карти за бегство од Лондон „фрчат“, UBS дели откази
Одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија би можела да ја предизвика швајцарската банка „UBS“ да отпушти речиси третина од вработените во своето седиште во Лондон.
Тоа го изјави генералниот директор на банката Серџо Ермоти.
Во моментов вработуваме повеќе од 5000 луѓе во Лондон, а отпуштањето би можело да погоди помеѓу 20 и 30 отсто работна сила, ја пренесе јапонскиот весник Никеи изјавата на Ермоти.
Тој, меѓутоа, истакна дека уште е прерано за процена на исходот од преговорите за условите на британското излегување, и изразил уверување дека после излезот на Британија од ЕУ „Лондон ќе продолжи да биде важен финансиски центар, иако можеби не така значаен како што е тоа случај денес“.
Во Лондон инаку се наоѓа седиштето на UBS банката за раководење во Европа.
