Караманлис бара промена на Устав за да се реши името
Киријакос Караманлис пред политичкиот комитет на партијата упати остри критики кон грчката Влада во однос на тоа како се однесува со прашањето за името.
Во други околности треба да се бара решение на името, вели лидерот на опозициската Нова демократија.
Во присуство на поранешните премиери Костас Караманлис и Андонис Самарас, јавува дописникот на МИА од Атина, Кирјакос Мицотакис детално објасни што ќе направел доколку во негови раце беа преговорите за името. Tој ќе почнел од тоа да ги информира лидерите на политичките партии, како што било случај во 2008, ќе ги обединел силите, а не, како што вели, да ги подели сите: граѓаните, црквата, партиите, но и ќе побарал промена на македонскиот Устав.
„Преговорите ќе ги почнев од прашањата поврзани со иредентизмот и ќе чекав да видам опипливи чекори во однесувањето на другата страна, пред да поминам во следната фаза. Немаше да разговарам за ништо, ако Скопје прво не се обврзеше дека ќе го сменат нивниот Устав. И немаше да прифатам никакво споменување на македонска нација, како што направи господинот Нимиц, без да добие никаков одговор од владата. Ќе се потпрев на довербата на народот. И верувам дека така ќе можевме да стигнеме до заемно прифатливо решение“- вели Мицотакис, пренесува МИА.
Лидерот на опозициската партија, смета дека за нив прашањето завршува тука, со што индиректно порача дека Нова демократија нема да учествува во никаков разговор за евентуалното решение што ќе се најде на маса.
