Каракамишева удри по ЕУ: Извештајот на Брисел е правен скандал!
Брисел промовира двојни стандарди, тоа е срам за Европската комисија, изјави вечерва Татјана Каракамишева, професорка на правниот факултет за извештајот на Прибе, со кој, како што сметаат некои аналитичари се исцрта идната политичка карта на Македонија.
„Па Ви се молам, како може тој извештај да биде релевантен, тој е правен скандал. Замислете правните нерегуларности, кои според нив биле големи, биле засновани на објавените телчефонски разговори од страна на СДСМ. Какви се тие искусни правници што не знаат дека докази стекнати на нелегален начин не можат да бидат користени во легална постапка. Тоа е скандал“ повтори Каракамишева во кампот на чуварите на слободата.
„Нема европско право што дозволува прислушување на незаконски начин, ниту пак да се објавуваат такви разговори. Срамота“, рече Каракамишева.
Слично
