Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева: Организираната хајка против мене нема да ме замолчи

Каракамишева: Организираната хајка против мене нема да ме замолчи

Универзитетската професорка, Тања Каракамишева-Јовановска не смета дека погрешила што ја напишала колумната за иселувањето ан младите, која предизвика лавина реакции во Јавноста. Напротив, оценува дека обидот да испровоцира деба за оваа тема бил успешен.

-Не ни очекував, ниту пак искрено сакав да биде поинаку. Знаете и самите под каква лупа со години наназад сум ставена поради моите ставови кои очигледно им сметаат на одредени политичко-платенички кругови. Па што ако им сметаат? Нека им сметаат и понатаму. Потребата да ме замолчат преку уцени, директни закани и лични дискредитации не е нова. Таа трае подолго време, и не очекувам дека ќе престане. Но, моите ставови се уште ги има, и уште посилно ќе ги има. Притисоците и заканите што ми ги испраќаат да замолчам се упатени на погрешна адреса, вели Каракамишева-Јовановска во интервју за Прес24.

Таа смета дека работа на еден универзитетски професор е да ги кажува состојбите како што се, а не да калкулира со своите ставови дали неколу ќе му се допаднат или не.

-Вистинскиот професор не калкулира, не прави пресметка дали авторитетот ќе му се загрози од центри кои се платени за таа работа, а уште помалку прави финансиска пресметка колку ќе му се зголеми салдото на трансакциската сметка после напишаната колумна. Но, малкумина тргнуваат од оваа позиција. Веројатно и затоа е чудно кога некој професор ќе почне тема што не му е нарачана од партиски центар. Оваа стара и веќе позната матрица ќе мора да се менува. И од негде мора да почне оваа промена, вели професоркатра во интервјуто за Прес24.

Каракамишева- Јовановска вели дека трендот со иселување на младите не е карактеристика само на Македонија и дека за овој проблем е потребно барање решение, а не ситно политичко профитерство од страна на опозицијата

-Соочувањето со овој проблем веројатно кулминираше во деведесеттите години, кога без работа останаа над 200.000 граѓани заради криминалниот процес на приватизација направен во државата, што како последица затвори над 600 претпријатија, секако со амин од тогашната власт, но и со поддршка на професорите и интелектуалците кои сега се најгласни “бранители на слободата и на демократијата”. Проблемот со иселувањето е реална закана да го разјаде македонското ткиво, да ја испразни земјата, поради што насушно бара внимание, бара простор за негово итно актуелизирање, а не ставање под тепих. Темата не смее да се третира како табу. Уште помалку за неа смееме да зборуваме во ракавици и со однапред пресметан интерес дали и колку ќе се ќари од неа. Темата не смее да ја оставиме да биде навигирана единствено и само кога политичката и партиската каса ќе го наложи тоа, вели универзитетската професорка, Тања Каракамишева- Јовановска во интервју за Прес24. Целото интервју прочитајте го тука

Слично

Поврзани вести