КАРАКАМИШЕВА: Ја сатанизираат мојата личност преку извртување на вистината
По многубројните осуди од јавноста за нејзината колумна, во која тврди дека младите ја напуштале Македонија поради невозвратена љубов, професорката Тања Каракамишева излезе со реакција.
Каракамишева вели дека нејзината колумна била спинувана во јавноста и тврди дека таа содржи многу подлабока порака.
“Жално е што не постои елементарен обид за проникнување во нејзината суштина, во поентата на денешното оттуѓување од духовните и традиционални вредности, од значењето на домот, и семејството. Сатанизирањето на мојата личност преку извртување на вистината содржана во текстот е дел од поголемата политичка хајка која подолго време се води против мене” –вели во својата реакција Каракамишева.
Таа ја повика јавноста внимателно да ја прочита целата колумна, а не само делчињата што биле „сервирани од домашните дежурни политички спинери.”
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/01/07/kakvi-reaktsii-pobudi-nevozvratenata-lubov-na-karakamisheva/" target="blank" ]Какви реакции побуди „невозвратената љубов” на Каракамишева[/button]
