Каракамишева доби уште една висока позиција
Професорката Тања Каракамишева, од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ во Скопје, доби уште една функиција и стана член на реномираната Венецијанска комисија.
Каракамишева е претставник на Македонија во највисокото европско тело за легислатива на Советот на Европа, каде e членка и нашата држава.
Венецијанската комисија е со мандат да дава правни совети на земјите членки и да им помага во прилагодувањето на домашната легислатива со европската.
Во претстојниот период Венецијанската комсија треба да даде мислење за Законот за заштита на приватноста и Законот за заштита на свиркачите. За таа цел, како што најавува на својата интернет страница, известувачите на Венецијанската комисија ќе го посетат Скопје на 8 и 9 февруари.
