Каракачанов вели дека ќе помогнат за решавање на спорот со Грција
Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов денеска изјави дека Бугарија ќе и помогне на Македонија во решавањето на спорот со името со Грција затоа што ја имаат признаено под нејзиното уставно име.
„Ние немаме проблем со името. Ние сакаме да ве поддржуваме и да соработуваме и за нејзиното прпизнавање на името и полноправно членство во НАТО“ - изјави Каракачанов.
Тој се надева дека со добрососедство може да има повеќе стабилност и ред на Балканот.
Главниот фокус на бугарското претседавање со ЕУ ќе биде интеграцијата на земјите од Западен Балкан, рече тој по средбата со македонската министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска.
Од први јануари 2018 година Бугарија ќе претседава со ЕУ.
Слично
