Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов со тројна коалиција ќе атакува на место во бугарскиот парламент

Каракачанов со тројна коалиција ќе атакува на место во бугарскиот парламент

Красимир Каракачанов, лидер на ВМРО-БНД, ќе се обиде со тројна коалиција повторно да обезбеди место во бугарскиот парламент. 
Заедно со националистичките Волја и НФСБ, неговата партија потпишала договор и под името „Бугарски патриоти“ ќе настапува на јулските избори . Ова доаѓа, откако на априлското гласање кај источниот сосед Каракачанов доживеа вистински крах, бидејќи не успеа да го помине ниту изборниот праг од четири отсто, што е услов, за да се биде парламантарна партија во Бугарија. 
И при промоцијата на новоформираната ултранационалистичка коалиција, Каракачаов не го избегна, нему омиленото, “македонско прашање“. 
„Ако ги нема патриотите, безродените псевдо-либерали без трепкање на око ќе се клештат пред надворешниот притисок за ослободување на Скопје во ЕУ. Две од партиите во новата влада гарнираат - демократите и мафијашите, веќе дадоа до знаење дека не им пречи, но Слави Трифонов молчи по ова прашање. А ако Брисел продолжи со притисокот, утре ГЕРБ ќе молчи“, изјавил тој. 

Повторните избори кај источниот сосед треба да се одржат на 11 јули, откако по минатомесечното изборно оочување, ниту една политичка опција не успеа да создаде парламентарно мнозинсто доволно за формирање на влада. 

Слично

Поврзани вести