Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов на гробот на Тодор Александров: Да нема граница помеѓу Македонија и Бугарија

Каракачанов на гробот на Тодор Александров: Да нема граница помеѓу Македонија и Бугарија

Лидерот на бугарското ВМРО и министер на бугарската одбрана Красимир Каракачанов присуствуваше на собирот на гробот на Тодор Аександров на 94-годишнината од неговата мсрт во мелничкото село Сугарево.

- Со договорот за добрососедство Македонците треба да заборават на старата политика на ДПОМНЕ кога Бугарите во Македонија се плашеа да се изјаснат за својата национана припадност. Сегашната власт не смее да дозволи да завладее руско-српската струја  Затоа треба да ја поддржиме Македонија на патот кон ЕУ - рече Каракачанов.

Тој додаде дека заветите на Тодор Аександров и Даме Груев биле да нема граници помеѓу Македонија и Бугарија.

- Ние сакаме Македонија да биде слободна и нормална држава и народите од двете држави слободно да комуницираат меѓусебно. Да нема граници помеѓу Македонија Бугарија. Тоа ни е националниот интерес. Тоа се и заветите на Тодор Александров и Даме Груев. Денес се собравме Бугари од двете страни на границата, бидејќи иднината ни е заедничка - додаде Каракачанов.

На обредот со бакнување на бибијата, револверот и камата присуствуваа и европратениците Ангел Џамбазки и Андреј Ковачев, како и министерот за животна средина Нено Димов.

Слично

Поврзани вести