Каракачанов ги задева Србите: Врање и Ниш дел од Бугарија
На мапата на честитката објавена на социјалните мрежи за 8 март од вицепремиерот на Бугарија и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, се наоѓа голема или Санстефанска Бугарија, во која се наоѓаат и Ниш и Врање. Ова не е негов прв шовинистички излив, потсетуваат медиумите, бидејќи тој пред еден месец ги нарече Србите „окупатори“ на Македонија, а и претседателот на Северна Македонија реагираше поради картата.
Каракачанов го честиташе Денот на жената на невообичаен начин, затоа што на картата на земја што не постои, напишана е силуетата на мајка со дете и пораката „традиција, семејство, вредности“, односно Северна Македонија, дел од Грција и јужна Србија, вклучително и Ниш и Врање беа припоени кон Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.
Овој концепт датира од 19 век, а се предвидуваше дека овие територии ќе бидат окупирани од независна Бугарија. Сепак, тие граници останаа само неостварен сон на Софија, освен кратки периоди од Првата и Втората светска војна, кога беа извршени злосторства на окупираните територии, чија крајна цел беше бугаризирање на населението - потсетува Новости.рс.
Новости исто така пишува дека министерот за одбрана е познат по шовинизмот уште од порано, затоа што рече дека Србите се „окупатори“ на Северна Македонија и тој се побунил заради наводното зајакнување на српското културно влијание во Македонија.
Новинарите испратија прашања во врска со овој инцидент до Конзулатот на Бугарија во Ниш и ги прашаа како ставовите на Каракачанов од честитката на 8 март влијаат на дипломатските односи меѓу двете земји.
Бурна ракција , пишуваат српските медиуми, имаше во соседна Северна Македонија, каде што претседател е Стево Пандеровски, кој рече дека бугарскиот министер за одбрана го крши Договорот за добрососедство.
Тоа се активности што се во спротивност со основните принципи и вредности на НАТО, во кои обете земји се еднакви членки - оцени Пендаровски, а пренесува Бета.
Бројни Грци кои се противат на оваа идеја реагираа и на профилот на Фејсбук каде што сликата ја објави Каракачанов.

Извор: агенции
Фото: Фејсбук
